ОД НАЈУСПЕШНА КОМПАНИЈА ДО СТАГНАЦИЈА: Државната ЕЛЕМ стагнира, компанијата систематски се уништува?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да го сокрие лошото стопанисување со компанијата, актуелното раководство одлучи резултатите од претходното работење на првите луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да ги прикаже како свои. Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на вчерашната прес-конференција на која презентираше што сработило претпријатието во текот на изминатава година, се обиде да ги претстави успесите на претходното раководство на ЕЛЕМ како свои.

Нови инвестиции нула, зголемување на производство нула. Вакви се резултатите на најголемата државна компанија ЕЛЕМ. По преземањето на ова претпријатие од кадар на СДСМ истото почнува да бележи пад на производството.

Бројките говорат дека во почетокот на 2017-та година ЕЛЕМ остварува добивка, за во август се да почне да се менува. Имено производството од август и во секој нареден месец од годината опаѓа по 7-8 %.

За да го сокрие лошото стопанисување со компанијата, актуелното раководство одлучи резултатите од претходното работење на првите луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да ги прикаже како свои. Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на вчерашната прес-конференција на која презентираше што сработило претпријатието во текот на изминатава година, се обиде да ги претстави успесите на претходното раководство на ЕЛЕМ како свои.

Миновски зборуваше дека има зголемен производство презентирајќи го како своја заслуга, без притоа да каже дека всушност зголемено производство претпријатието го должи на првата половина на годината, кога имаме раст на производството, а со ова претпријатие раководи ВМРО-ДПМНЕ.

„На лагата и се кратки нозете“, па така и изјавите на Миновски не држат долго пред да бидат расветлени пред јавноста. Тоа што ЕЛЕМ бележи успеси е заради квалитетното менаџирање во првата половина на годината. Доказ за тоа е и фактот што по промената на раководството, производството паѓа.

Директорот на ЕЛЕМ Миновски се фали и со успешно завршениот ремонт на блоковите на РЕК Битола, проект започнат од претходното раководство за што беа обезбедени финансиски средства уште во февруари оваа година. Имено, успешноста на РЕК се должи и поради ревитализацијата на два блока, која беше спроведена од владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години при што беа потрошени над 100 милиони евра, а беше инвестирано и во нови јагленокопи, со што значително е продолжен работниот век на термоцентралата. Оттука успешноста на ЕЛЕМ сега не би била ни близу на с егашната да не беа сите инвестиции реализирани во минатото.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This