ОД НИВ ЗАВИСИ: Франција е клучот на отварањето преговори за влез во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку часови пред денешниот министерски состанок во Луксембург, официјален Париз не ја открива својата позиција во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ.

Сите обиди да се добие официјалната позиција на Париз во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во Еврпската Унија, останаа без одговор.

Од службата за односи со јавноста на Министерството за надворешни работи не беа во можност да одговорат на телефонските и писмените барања. Единствените информации засега доаѓаат од неофицијални извори, како наводниот меморандум објавен од Блумберг.

Париз според документот е пpотив каков било датум за формални преговори со Албанија и Македонија, пред ЕУ да ја заврши реформата на својата „методологија“. Со меморандумот што на 10 октомври, наводно, го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ, Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на зaсегнатите земји и да бидат рeверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“.

Од Кеј Д’Орсеј ни беше речено дека официјалниот одговор и француската позиција ќе бидат познати наскоро.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This