Од ОЈО велат пронашле класифицирани документи Ременска: Пратеничката се зakaнува „сите ќе ве бoли главата“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Влада, Кабинет на Претседателот,Разузнавање, Воено разузнавање, МВР, АНБ, ОТА, МНР, Дирекција за безбедност на класифицирани информации, ова се институциите кои имаат документи и информации строго доверливо и државна тајна. Обвинителството не кажува до која од нив испратила известување дека во домот на потпретседателката на собранието и пратеничка Фросина Ременски, која исто така е осомничена за активностите на Меѓународниот сојуз пронашле доверливи документи, како што тврдат од обвинителството. За доверливиот материјал најден во домот на сопартијката денеска не сакаше да коментира ниту министерката за правда Рената Дескоска.

– Делот што се однесува на класифицираните информации или документи не е во делот на Министерството за правда, тоа е материја што ја уредува Министерството за внатрешни работи, така што утре ќе продолжат министрите за внатрешни работи, тоа прашање ќе можете да го поставите, рече министерката Дескоска.

Кој е кртот и како документите стигнале во нечиј дом засега нема одговор. Од обвинителството велат дека повеќе информации не може да споделат во оваа фаза на истрага. И додека случајот да добие правен епилог ФБ и понатаму е мегдан за закани и преписки меѓу Ременски и членот на извршниот комитет на опозициската ВМРО Орце Ѓорѓевски. Тој вели дека пратеничката на СДСМ треба што поскоро да седне на обвинителна клупа, а Дирекцијата за класифицирани информации да даде одговор за како што потенцира Ѓорѓиевски приватната архива што си ја правел нејзиниот сопруг, Јовче Ременски. Пратеничката пак му порача да не шири дезинформации, а од тие наводно класифицирани документи многу брзо ќе го боли глава и него и на сите заинтересирани, напиша таа.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This