ОД СУМАТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАВPTИ ВО ГЛАВА: Колку чини една матурска вечер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тек се прославите на матурските и полуматурските. Матурската вечер е важен настан во животот на секоја млада личност, со што се обележува преминот во еден нов, позрел период и постепено влегување во светот на возрасните.

Но понекогаш овој настан за родителот е нoќнa моpa. Сакајќи нивните деца да не се двојат од останатите, многумина се принудени да подигнуваат и кредити и да се задолжyвaaт кај роднини и пријатели за да организираат „прописна“ матура.

Цената за матурската вечер зависи од цената на фустанот, костумот, на останатите додатоци на фризурата и шминката, од изборот на ресторан, бројот на гости, изборот на фотограф. Слободен печат пресмета приближно колку пари ќе треба да потрошат родителите за матурската вечер на своите деца.

Цените на фустани за „вечерта од соништата“ се различни во зависност од материјалот, должината, дизајнерот… Според некои пресметки, ако девојките се определат за најевтината варијанта, ќе мора да одвојат околу 100 евра, додека за најскапите комбинации ќе им бидат потребни неверојатни 900-1000 евра. Секако со фустанот или со оделото треба да има и соодветни обувки. И тука цените се движат околу 50 до 250 евра.

Студијата за фризури и шминки со своите најразлични комбинации ги ставаат на уште поголеми мakи родителите на матурантите и полуматурантите. Еве што нудат некои од нив:
Професионална шминка + фризура – 2.500 ден.
Фризура + шминка + трепки – 2.500 ден.
Фризура + шминка + трепки + наливни нокти – 3.000 ден.
Фризура + шминка + гел на природни нокти – 2.500 ден.
Едночасовна фотосесија за матуранти на локација по избор – 3.100 ден.
Пакет за фотографирање на матурска прослава (професионална фотосесија на славеникот на неколку локации + професионална шминка + обработка на фотографиите + DVD) – 5.000 ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This