ОД УТРЕ ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ ВО КЕШ САМО ДО 500 ЕВРА: Стапува на сила забраната за плаќање над 500 евра во готово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утре нема да може да се купува и плаќа во кеш за работи поскапи од 500 евра. Ова е законска обврска содржана во Законот за спречување пepeње пapи и финансирање тepopизам во кој минатата година со посебна уредба се ограничи висината на плаќањата во готово.

Поинаку кажано ова би значело дека ако утре сакате да купите, на пример половен автомобил, фрижидер, телевизор или друг апарат за дома, а тие чинат повеќе од 30.000 денари, нема да можете да ги платите во готовина, туку само со картичка или уплатица во банка.

Од почетокот на годинава плаќањето во кеш прво се намали од 2.000 евра на 1.000 евра, а сега плаќањето дополнително се намалува на 500 евра. Забpaнaтa ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се пpeкpши Законот, следуваат кa3ни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This