Од 44 лименки пиво направил апарат кој му ја грее целата куќа – погледнете како тоа изгледа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Информатичарот и математичар од Параќин, Дарко Милиќевиќ (39), верувале или не, од испиените лименки пиво направил соларен панел кој надворешната температура на воздухот од минус пет, на посебен начин, ја зголемува на плус 52 – кога тој истиот воздух ќе влезе внатре во домот.

Панелот е мал бидејќи станува збор за експеримент, па нема доволно сила за целосно да ја загрее собата, но Миличевиќ тврди дека “ова чудо навистина функционира”, па ете идеја како љубителите на пиво, потрошената амбалажа да ја искористат паметно.

“Минатата зима истражував на Интернет за можни алтернативни начини за загревање. Наидов на многу различни идеи, а оваа ми го привлече вниманието, бидејќи ми се чинеше за наједноставна од сите. Купив иверка, стиропор за изолација, фарба, силикон… Правев паузаи, па мојот проект траеше неколку месеци додека да го склопам како што треба. Пред зимата оваа плоча ја монтирав на јужниот ѕид од куќата, бидејќи тука сончевите зраци се најсилни- раскажува овој креативен професор.

Системот за греење со помош на конзерви функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем го загреваат сончевите зраци во лименките. Воздухот природно се движи нагоре и влегува во куќата низ избушениот отвор во ѕидот.

“Најпрво направив рамка од иверка со димензии метар на метар. Вака направената рамка од еден квадрат го изолирав со сторопор од три см, и сето го заштитив со црна голија и направив лежиште за лименките кои, исто така ги офарбав во црно. Така подобро се впива сончевата топлина. Панлот има 11 лименки во 4 редови, значи, вкупно 44.

Не чини слапо, бидејќи од потребниот материјал најскап е плексигласот кој се става за заштита. Тој се става на предната страна за да не се губи топлиот воздух од системот. Во трошокот не ги сметам лименките кои сум ги испил, така што целиот овој систем ме чини околу 60 евра, без работна рака – вели Милиќевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This