Околу 10 000 домаќинства останаа без струја по поплaвите во јужните делови од Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штети од поплавите има и во општина Ѓаковица, а покрај патиштата, водата поплави и неколку куќи.

Косовскиот хидрометеоролошки институт објави дека по обилните врнежи од дожд, ќе има големо зголемување на водостојот на реките, а исто така наведуваат дека на оваа ситуација и претходело значително количество снег кое брзо се топи. Областите најпогодени од поплавите ги посети премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

Поради обилните врнежи од дожд кои паѓаа и на југот на Србија последните денови, поплавени се бројни домаќинства и обработливи површини, а 10.000 домаќинства останале без електрична енергија.

Прогласена е вонредна состојба во голем број општини, иако властите велат дека состојбата се вратила во нормала од утрово, објави Ал Џезаира.

Воведена е вонредна состојба во Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинце, Владичин Хан, Гаџин Хан и Ниш.
Компанијата Србијаводе прогласи вонредна одбрана од поплавување на водните единици Јужна Морава-Врање и Нишава-Ниш, пренесува Танјуг.

Влада Племиќ од Секторот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи, утрово изјави дека состојбата со поплавите на југот на Србија се нормализира и дека во овој момент состојбата не е критична.

„Дождот престана, што е најважно. Реките полека се повлекуваат во нивните текови. Имавме најголем проблем со потоците што дури и не постоеја на картата. Поради обилните врнежи од дожд, тие станаа активни и ги исполнија сите долини и места кои т подолго време се сметаат за опасност “, изјави Племиќ за РТС.

„Имавме топење на снег и многу дожд“, рече Племиќ, истакнувајќи дека никој не можел да предвиди толку многу врнежи.

Тој додаде дека околу 10.680 домаќинства се без електрична енергија.

Помошникот началник на единицата за спасување Саша Ранчиќ рече дека во поплавите се евакуирани 34 лица, предизвикани од обилни врнежи од дожд, а без електрична енергија се околу 10.000 корисници.

Poplava u selu Rsovci na Staroj planini 11. januar 2021.Meštani evakuišu životinje.VIA Odbranimo reke Stare planinefoto: Vladimir Aleksić

Posted by Južne vesti on Monday, January 11, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This