Она што една бyдaлa ќе з@*бе потоа илјада паметни не можат да го опpaват

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Читам провладините пропагандисти нагазиле на Северна и името како да на минус 20 биле на улица да го бранат Уставот, уставното име и идентитетот на Македонецот.

Дечки лекцијата уште не сте ја научиле, а пораката од далеку ви е сфатена ама далеку од сфатена.
Ако мислите дека паднавте поради името се лажете.

Паднавте поради 7-те илјади починати од Ковид кои најголем дел починаа бидејќи не ја добија потребната здравствена нега.

Тоа е еден цел град.

Паднавте поради 14-те луѓе кои живи изгореа во болницата во Тетово, а за што не понесовте одговорност и уште се клештевте во кампања.

Ова е невидено безобразие.

Паднавте поради фактот што додека Македонија гореше, а народот голорак го гаснеше пожарот вие бевте на плажа.

Не оставивте на цедило кога беше најтешко.

Паднавте поради датумот за ЕУ за кој го лажевте народот дека сме го добиле. Паднавте поради сите лажни ветувања и изневерени очекувања.

Покажавте патологија во вашите лаги.

Паднавте поради „реформите“ на Царовска и условно кажано палењето на книги.

Невидена дрскост која се граничи со умоболие.

Паднавте и поради притисоците, заканите и поткупот кој го правевте пред и за време на изборите.

Народот го донесовте до ситуација во која не можеше повеќе да трпи и мораше да ви врати.

Паднавте затоа што правдата е мисловна именка во моментов во Македонија.

Ја укинавте правната држава.

Паднавте затоа што сакате да не направите Бугари.

Се откажавте од идеологијата на вашата партија.

И уште ќе паѓате…

Џабе си ги арчат парите и џабе ве плаќаат.

Што се однесува до името… На секој човек му е јасно дека тоа она што една будала ќе заебе потоа илјада паметни не можат да го оправат.

Ама ќе биде и тоа, а за да дојдеме до ситуација каде што навистина сами ќе можеме да си ја кроиме судбината и да одлучиваме за тоа како ќе се викаме, Македонија мора да ја издигнеме од пепелот. Во моментот кога ќе покажеме дека сме достојни да го носиме големото име на нашите предци Македонци ќе го вратиме и уставното име на нашата држава, Република Македонија.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This