ОНИ СИ ЗАВРШИЈА РАБОТА: Фабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Производството постепено се враќа во четирите фабрики на Volvo во Кина, меѓутоа фабриките во Белгија, Шведска и во САД ќе мора да мируваат уште извесно време.

Шведскиот производител на автомобили Volvo го прекинува и производството во домашните фабрики во Торсланда, Сковде и Олофстром, како и во новите погони во Јужна Каролина, САД. Работењето таму ќе мирува во периодот од 26-ри март до 14-ти април. Претходно во мирување беше ставена фабриката во Гент, Белгија.

Сите вработени во управата на Volvo Cars исто така ќе се префрлат на работа од дома од 26-ти март, со тоа што поголемиот дел од нив ќе биде ангажирани во скусено работно време. Откази моментно не се планираат. Овие дополнителни мери се однесуваат на околу 25.000 вработени.

Нашата главна грижа е здравјето на нашите вработени и иднината на нашиот бизнис. Помошта преку програмите за поддршка од властите и институциите, ни овозможи да реагираме брзо

Хакан Самуелсон, извршен директор на Volvo Cars

Во исто време, од Кина доаѓаат вести дека производството во четирите тамошни фабрики на Volvo, односно на Geely, постепено се враќа во нормала. Тоа засега се врши чекор по чекор, затоа што монтажата на автомобили зависи во најголемиот обем од испораката на делови од страна на добавувачите на возила во Кина, кои исто така мора да ги вратат своите погони во целосен обем на работа.

Иако се бележи напредок, голем дел од јавниот живот во Кина уште не е нормализиран. Моментно не може да се предвиди, кога Volvo целосно ќе го обнови производството во Европа и во САД. Ситуацијата се менува секојдневно и се реагира соодветно.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This