Опозицијата е европска опција, власта е „тендерашка пpoфитерска“ опција – нотира Европскиот извештај, вели Пренџов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мене ми е драго тоа што јасно и гласно стои тоа дека има практично високи оценки и пофалби за опозицијата бидејќи со поддршка на опозицијата се донесени клучните закони во собранието согласно европските директиви, вели Љупчо Пренџов од ГРОМ за Извештајот од Европската Комисија во делот на собранието во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, и додаде дека извештајот нотира критики кон власта бидејќи носела закони во итна и нетранспарентна постапка.

Има и критика во делот на Cобранието кон власта затоа што истата сите важни закони за кои што треба да има општествена дебата, за кои што треба да се вклучат сите заинтересирани страни бидејќи ние законите не ги носиме за нас, туку за определени целни групи и мораме да го слушнеме нивното мислење. И јасно стои тука дека во делот на собрание има многу закони по итна постапка, дека не се транспарентни што ја потврдува мојата теза а тоа е дека ние како опозиција сме европската опција во Македонија, а власта е една тендерашка профитерска опција.

Пренџов посочи дека извештајот нотира и корупција на секое ниво во општеството.

Она кое што мене ми е многу индикативно е тоа што вели дека практично корупција имаме на секое ниво во општеството. Ние знаеме дека во Република Македонија од локално ниво, преку собрание, до владата сите министерства ги контролираат едни политички елити тоа се СДСМ и ДУИ, малку ми чудно и покрај тоа што има толку многу корупција ние немаме видено ниту еден функционер да биде обвинет за корупција од нивна страна, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This