Вие сте едно скалило над „заробена држава“ – хибриден режим

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По обвинувањата од страна на министерот за eкономија Бектешки кон пратеникот од опозицијата Пренџов, дека се очекува блокада на законот за покачување на минималната плата, пратинкот дециден: „Ви гарантирам, нема да биде блокиран законот за минимална плата. Барем јас, нема да го блокирам.“

Тој исто така додаде дека „34 илјади денари е минималана кошница за едно семејство денес. Пред три години била 32 илјади. Тоа се 24 илјади денари годишно, едно семејство е во зијан што сте вие на власт. Тоа значи дека два одмора на дечињата, летување или зимување, власта им ги јаде преку неспособноста да креира нормална економска политика.“ На што пак министерот Бектеши возврати дека станува збор за злоупотреба на децата во емисии.

„Не може во една држава, 67 закони по редовна постапка а 79 по скратена постапка, Вие само на ПР имате инклузивност и сакате да разговарате. Кога ќе дојде на дело, а тоа и комисијата го кажува, дека сте максимално нетранспарентна Влада. Не случајно во 2016 и 2017 година, бевме заробена држава, сега сме едно скалило повеќе, хибриден режим.“ Реплицираше пратеникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This