Општина Аеродром обезбеди бесплатни тренинзи за децата со атипичен развој

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамки на проектот „Заиграј со нас“, Советот на Општина Аеродром донесе одлука за бесплатни термини во фискултурната сала на основното училиште „Александар Македонски“, наменети за деца со атипичен развој.
– Со иницијативата за користење на фискултурната сала сакаме да им дадеме можност на оваа категорија деца и млади да го покажат својот потенцијал и полесно да се вклучат во социјалниот живот, а на тој начин и да им се отворат нови можности во сопствените животи, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој присуствуваше на првиот тренинг.
Тренинзите ги водат професионални лица од оваа област, кои безусловно им помагаат на децата да ја развијат целокупната психофизичка состојба.
Од Општина Аеродром велат дека проектот има цел да ја реанимира потребата на оваа ранлива категорија деца и млади во делот на стимулација на физичкиот развој како и социоемоционалниот развој преку друштвени игри

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This