ОПШТИНИТЕ „НЕМААТ ЗА ЛЕБ“ ТРОШАТ ЗА РЕФЕРНДУМ: Општините Центар и Карпош во катастрофална финансиска состојба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приходите на општина Центар се 30% од предвидените приходи за третиот квартал, односно за осум месеци. Причина е мораториумот за градба во општината

 

Во уште полоша финансиска состојба е и општина Карпош, која за првите осум месеци остварила само 20% од предвидените приходи за 2018.година. Имено, буџетот на општина Карпош е 1.5 милијарда денари, а за првите осум месеци приходите се помалку од 300 милиони денари. Ова е доказ повеќе за погрешните политики кои се водат во општините Карпош и Центар, со урбанистичките планови кои се главен извор на приход.

Да потсетиме, општина Карпош преку Уставниот суд поништи четири урбанистички планови за кои упатените велат дека само во месец јули оваа општина има изгубено над 100 милиони денари од компаниите кои требало да уплатат комуналии.

Како понатаму мислат општините Центар и Карпош да ги остварат своите програми и ветувања на градоначалниците дадени во предизборниот период останува вистинска енигма за финансиските експерти.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This