ОРБАН НАЈАВУВА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ВOJCKA ДОЛЖ ГРАНИЦАТА: Преку 96.000 мигpaнти се упатени на „балканската pyта“ кон западна Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамки на Вишеградската група постои договор да се испратат патролни единици на граница на Србија и Унгарија ако се зголеми миграцискиот притисок на Унгаирја


Договорот е Чешка, Полска и Солавчка да испратат свои единици, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Б92.

Орбан во Будимпешта, по состанокот со словенечкиот премиер Марјан Шарец, истакнал дека во моментов 96.000 мигранти ја користат таканаречената балканска рута на пат кон западна Европа и оценува дека е невозможни да се каже дали ќе се обидат да дојдат до Унгарија или Словенија преку Хрватска.

Како што пренесува МТИ, Орбан рекол дека Унгарија и Словенија се свесни за тоа што значат мигрантите и нелегалните премини преку границата.

„Двајцата знаеме што значи кога маси на луе се обидуваат да преминат преку нашите граници и нелегално да поминат низ нашите земји. Знаеме како е кога не доаѓаат кај нас, туку само сакаат да поминат и знаеме како е кога законот, националните интереси и хуманоста во раководење со работите на исправен начин ќе се судрат едни со други“, рекол Орбан пренесува Б92.

Тој додава дека Унгарија сочувствува со напорите на Словенија да ги брани своите граници и најави дека двете земји планираат заедно да упатат медицинска опрема во Африка.

Шарец оценил дека билатералните односи на двете земји се искучително силни во областа на економијата и туризмот, додавајќи дека со Орбан разговарал и за продлабочување на економската соработка.

Во разговорите во Будимпешта, Орбан нагласил дека „дел од Балканот кој и понатаму е надвор од ЕУ не може да се смири и да се стабилизира без развој на Србија“, пренесува АП.

Словенечката агенција СТА наведува дека Орбан и Шарец дали поддршка за продолжување на преговорите со Србија, за кои нагласуваат дека е важен фактор на Западен Балкан.

Орбан уште еднаш нагласил дека ако е потребно границите на ЕУ, но и на Унгарија ќе се штитат како со административни мерки, такаи и со физички, најавувајќи распоредување и на војска долж границите ако тоа е потребно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This