Орбан не се предава во идеолошката вojна со ЕУ: Одобрени прашањата за референдумот за ЛГБТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарската национална изборна комисија денеска ја одобри владината листа на прашања за идниот референдум поврза со ЛГБТ прашањата.

Премиерот Виктор Орбан вели дека референдумот е дел од „идеолошката војна“ со Европската унија.

Орбан, кој е на власт од 2010 година, предложи референдум за законот на владејачката партија, кој им забранува на децата да учат за хомосексуалноста и трансродовите прашања во училиштата, што ги интензивираше несогласувањата со ЕУ, објави Ројтерс.

Референдумот треба да се одржи на почетокот на 2022 година.

На Орбан му претстојат тешки избори следната година и, како што додава британската агенција, тој станал радкилане во социјалната политика со цел, според него, да ги заштити традиционалните христијански вредности од западниот либерализам.

Унгарците на референдум ќе бидат прашани дали поддржуваат одржување работилници со различна сексуална ориентација во училиштата, без согласност од родителите и дали веруваат дека треба да се промовираат процедури за промена на полот кај децата.

Исто така, ќе бидат прашани дали материјалот што може да влијае на сексуалната ориентација треба да им се прикажува на децата без никакви ограничувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This