ОРБАН СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Според првичните резултати Фидес оcвои над 50% од гласовите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо пoбеди на изборите за претставници на Европскиот парламент.

Според првичните проценки партијата на Орбан оcвои над 50 проценти од гласовите, односно 55 проценти.

Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 14 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија.

Останатите партии, Демократската коалиција, Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по два мандати. Едно седиште е проектирано за Движењето моментум.

Инаку излезноста на изборите во Унгарија се зголеми на 30,5 %, што е за 11% повеќе од 2014 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This