„ОСВЕЖУВАЊЕ“ ВО ДУИ СО КУП ПОЛИЦИЈА: Атила Реџепи нов ген.сек, Артан Груби организационен секретар – седницата на раководството под силно обезбедување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва ДУИ одржува седница на централното раководство, на која како што дознава ТВ21 Атила Реџепи е именувана за генерален секретар на ДУИ, а Артан Груби за организационен секретар.

Атила доаѓа на местото на починатиот Абдулаќим Адеми, а Артан на местот на Хазби Лика, пренесува ТВ21.

Изет Меџити првин беше надвор од игра за генерален секретар на ДУИ, но подоцна беше вклучен за организационен секретар, но на крај се повлече – информираат од телевизијата.

Моментално се уште е во тек седницата на централното раководство на ДУИ.

Извори за Инфомакс информираат дека пред седиштето има силно полициско обезбедување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This