ОСЛАБНАЛА 50 КИЛОГРАМИ ЗА 9 МЕСЕЦИ ПО ПРИРОДЕН ПАТ: “Сите помислуваа дека сум правела операција, но тоа не е точно”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога нејзината вага покажала 120 килограми, Кејт Рајтер одлучила да ослабне на потполно природен начин, што резултирало со губење на 50 килограми за само 9 месеци.

Нејзиниот појадок се состоел од енергетски пијалок и чоколадо, цел ден консумирала чипс и нездрава храна, а вечерала два пати во денот – еднаш во ресторан за брза храна и еднаш дома. Со нездравиот начин на живот, оваа 25-годишна девојка започнала откако го запознала сегашниот вереник Ник Џоунс.

“Кога го запознав Ник, имав околу 80 килограми и бев малку “буцкаста”. Но тој ме сакаше таква, па затоа брзо и се опуштив и заборавив на килограмите. Поголемиот дел од деновите вечеравме брза храна и пред да се свестам, мојата тежина беше поголема од нормалното”, вели Австралијанката.

Нејзиното таложење на килограмите не ѝ сметало сè додека тежината не започнала да влијае врз нејзиното здравје. Работела како помошник во продавница и постојано стоела. Од ваквата работа, нозете ѝ отекувале до таа мера што не можела ниту да вози.

“Порано постојано спортував, но ја сакав и храната па затоа никогаш не се грижев дали таа е добра или лоша за моето тело. Но, потоа во мојот живот дојде Ник кој исто така обожува храна и не се грижеше околу тоа колку е здрава. Тој остана ист, а јас само продолжував да се дебелеам”, изјавила Кејт.

Кога решила да ослабне, таа за почеток само ги намалила оброците.

“Сè што правев е намалување на оброците и само за една недела ослабнав околу осум килограми. Не можев да поверувам. Потоа, почнав да користам апликација за броење на калории и почнав да внимавам што внесувам во моето тело. Откако сфатив колку сум го занемарувала своето тело, се навлеков на здравиот начин на живот и набрзо почнав со строг режим на вежбање. Сакав природно да ослабнам и сакав тело кое ќе го покаже сиот мој труд”.

Откако ја заменила масната храна со зеленчук и печено месо и почнала секојдневно да вежба интензивни кросфит вежби, Кејт драстично го сменила својот изглед.

“По девет месеци, имав 65 килограми. Никогаш во животот не сум се чувствувала волку прекрасно”, изјавила Кејт која додала дека не би успеала без поддршката од нејзиниот вереник.

“Ник постојано се трудеше да консумира здрави оброци поради мене, иако тој не мораше да внимава на тоа што консумира”.

Денес, таа вежба по два часа секој ден, а неодамна добила и лиценца за личен тренер. Рајтер е инспирација за многумина, а на Инстаграм има речиси 5 илјади следбеници.

“Луѓето ги гледаат моите фотографии и прво помислуваат дека сум правела операција. Но, тоа не е точно – имам среќа што сум млада, па веднаш го обликував своето тело, но вистина е дека поминав многу часови во теретана за да стигнам до ова”, истакнува Кејт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This