ОСЛОБОДЕНИ КИДНАПИРАНИТЕ МОРНАРИ: По 22 дена заложништво, Камерун ги ослободи грчките морнари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 22 дена заточеништво се ослободени петтемина грчки државјани, членови на екипажот на танкерот „Хепи лејди“ коишто беа киднапирани во Камерун.

Веста за ослободувањето ја соопшти на „Фејсбук“ министерот за поморство Јанис Плакиотакис.

– Го изразувам моето задоволство за ослободувањето на петтемина грчки морнари. Координираните напори донесоа резултат – напиша министерот, при што им посака на морнарие среќен пат на враќање кон Грција.
На 31 декември 2019 врз грчкиот танкерот „Хепи лејди“ , закотвен на пристаниште во Камерун, беше извршен вооружен напад, при што беа киднапирани осум членови на екипажот, а еден беше повреден.

Како што тогаш соопштија од Министерството за поморство на Грција, во инцидентот биле киднапирани петмина Грци, двајца Филипинци и еден Украинец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This