ОСМАНИ: Повик од ДИК за фер и демократски избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи од седиштето на Државната изборна комисија упати порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.

– Секогаш кога ќе дојдам на средба во ДИК велам дека овој пат треба да има фер и демократски избори, но овој пат навистина тоа така треба да биде, изјави Османи.
Тој нагласи дека на 26 март, на четвртиот ден од кампањата, е состанокот на Европскиот совет, а потоа следуваат и други состаноци поврзани со нашите евроинтеграции.

-Пресвежо ќе биде во сеќавањето на земјите – членки, додаде вицепремиерот, потенцирајќи дека одговорноста на сите е многу поголема и треба зрелост, рече Османи.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) истакна дека секој од учесниците да си ја земе сопствената одговорност за организирање на изборите и граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да излезат на гласање.

Вицепремиерот Османи рече дека на денешната седница на Владата ќе информира за потребата за носење на измените на Изборниот законик, кои се во драфт верзија и се уште не се во владина процедура.

Последната собраниска седница ќе биде закажана на 3 февруари, кажа Османи.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This