ОСМАНИ СЕ ПОФАЛИ СО ДВОЈАЗИЧНОСТА ВО ВЛАДАТА: Секретарјатот за Европски прашања со прв офоцијален двојазичен документ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи веќе започна со имплементација на Законот за јазиците, во јавноста познат како Законот за двојазичност.

Османи на социјалната мрежа Фејсбук се пофали со официјален двојазичен документ од Секретаријатот за европски прашања, кој е под негова лична директива.

Двојазичниот документот со кој Османи јавно се пофали е покана-известување за организирање на Донаторска конференција за потребите од имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците во рамките на СЕП.

Може да се каже дека ова е прва владина институција која во експресен рок почна со спроведувањето на Законoт за двојазичност, објавува официјален владин документ на македонски и на албански јазик.

Инаку, министерстерот за економија, Крешник Бектеши беше првиот министер од владата на Заев кој на албански јазик започнал прес-конференција за веќе вчера да ја постави и првата двојазична табла на Mинистерството за економија.

Експресно со поставување на двојазични табли започна и ЈП „Македонија пат“ кои уште утредента по објавувањето на законот во Службен весник, почна со поставување двојазични табли.

Министерството за економија исто така постави двојазична табла.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This