ОСНОВАЧИТЕ И ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОРАЧАА: На 11-ти декември да го дадеме гласот за гарантот за успешна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачите и ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусијата одржана во петокот порачаа дека партијата го положила најтешкиот полиитчки испит во оваа криза од која што полека, како што нагласија, државата излегува. Тие упатија порака на 11-ти декември граѓаните да го дадат гласот за гарантот за успешна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

veterani

Јаковлески предупреди: Не си играјте со ВМРО и Македонија!

Мане Јаковлески, на панел дискусијата што ја организира ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на партискиот лидер Никола Груевски во име на основачите и ветераните на партија.

Kако одговор на опозицискиот марш на 11 октомври тој го поддржа Груевски  и испрати предупредување до неговите политички противници да не си поигруваат со ВМРО и Македонија.

-Ние, основачите и ветераните на ВМРО ДПМНЕ, го поддржуваме лидерот на партијата да истрае на патот по кој чекори и заедно да ги победиме сите зла кои се исправени пред македонската држава и народ. А, на самопрогласените спасувачи, им порачуваме: не се играјте со Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, седете подалеку, за да не се изгорите. ВМРО-ДПМНЕ, не е само партија, туку идеологија, рече Јаковлески.

mane-nova

На 11-ти декември да го дадеме својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, гарантот за успешна Македонија, порача Јаковлевски.

-И на крај, ги повикувам сите во Македонија и нашите браќа и сестри во Дијаспората, на 11 декември да излеземе масовно на гласање, да го дадеме својот глас за гарантот за успешна Македонија ВМРО-ДПМНЕ, а вечерта сите на плоштадите во Македонија и Дијаспората да ја прославиме десетата победа за Македонија. Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ, Вечна да е Библијска Македонија, рече Јаковлевски.

Љубиша Георгиевски: Го положивме најтешкиот политички испит во оваа криза од која што полека излегуваме

Во политиката сите одат и и’ се додворуваат на силата, а умот некако бега од неа. Ние го положивме најтешкиот политички испит во оваа криза од која што полека излегуваме, тоа е испит на зрелост, во благодарам за тоа господине Груевски, рече во своето обраќање на трибината на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ Љубиша Георгиевски.

-Ако некогаш не знаете што е исправно во политиката, прашајте што е најтешко. Ако сакате да сте исправни, правете го она што е најтешко и тогаш ќе бидете на правиот пат. И тоа е тоа значајно што треба да го научите. Мудроста за која што се заблагодарив на претседателот, политичката мудрост се состои во тоа да се одбере најтешкото, а што е најтешкото во политиката, да се стави татковината пред партијата, оти оваа партија не е правена ниту војувана за власт, оваа партија е правена и војувана за нашата татковина и така ќе остане. Господ е голем, рече Георгиевски.

Георгиевски раскажа и една анегдота поврзана со Петар Гошев.

Змејковски: Се гордеам со сите основачи, членови на ВМРО-ДПМНЕ кои цврсто застанаа на нозе за да ја формираат партијата

Било што и да се изгради во било кој сегмент како во градежништвото или во општеството, мора прво да се удрат темелите и да се посади коренот. Се гордеам со сите основачи, со сите членови на ВМРО-ДПМНЕ во тој период, кои што цврсто застанаа на нозе за да ја формираат партијата. Тоа беше многу тежок период да се формира и да се постави инфраструктурата, рече на трибината на ветераните Борис Змејковски,  првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Живеевме во еден друг период кога самите луѓе не можеа да поверуваат дека се случи распадот, а нормално дека со појавувањето на ВМРО-ДПМНЕ, можеше сите да се легитимираат како симпатизери, односно како членови на партијата. Тие периоди беа тешки, а да не зборувам од финансиски аспект, но нашата емотивност и нашата заложба и завет од предците наши го  проценивме моментот дека мораше да се основа партијата. И така тргнавме од град во град, од село во село, во партијата се зачленуваа само лица со вмровски соеви и ген, потенцира Змејковски.

zmejkovski

На почетокот никој не ни веруваше дека ќе упееме, но вложениет труд, заложба и завет од минатото од нашите предци ни даде за право да бидеме силни и да издржиме во тоа и за големо изненадување на сите во Македонија ВМРО-ДПМНЕ на првите избори победи, а тоа е одраз на добра организација и на голема желба и волја, изјави Змејковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This