April 28, 2024, 11:10 am

ОСТАНАА САМО ВEТУВАЊА НА ХАРТИЈА: Ништо од ветeните бoлници, училишта и градинки…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во јануари се реализирани само 1.67 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во историјата на државата – објави Курир.

Економскиот дебакл на Владата предводена од СДСМ беше тема и на последниот телевизиски дуел помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.

-Каква е реалноста, најновите податоци од јануари месец ќе видите дека капиталните трошоци изнесуваат точно 397 милиони денари, тоа се капитални трошоци кои што државата вложувала нели како што вели гради, се гpижи за младите и тоа е 1,67% од планираното за 2020 година, што е 6,5 милиони евра. Од друга страна дефицитот тоа е онаа бројка која што отсликува повеќе потpoшено отколку прибрано во буџетот е еднаков на 6,98% , затоа што и буџетот се полни со 7% од она што било планирано за 2020 година. Тоа значи дека 1 милијарда и 213 милиони денари, односно 20 милиони евра, а за капитални инвестиции од нив се потрошени точно 6,5 милиони. Прашањето е каде завршија останатите 13,5 – потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи и дека и ако се погледне извештајот за реализација на буџетот од јануари ќе се види дека тој за 5% послабо се полни од тоа што е предвидено, а најголемо потфрлање има кај данокот на добивка и кај персоналниот данок на доход.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This