ОСТАНА САМО НА ХАРТИЈА: Ништо од ветувањето на СДСМ во областа на енергетиката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактот дека СДСМ за три години на власт немаат сработено ништо не може со празни соопштенија да се покрие. Мандатот на Заев поминува, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нeреализирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветувањето на Заев и неговата Влада дека ќе го пренаменат ТЕЦ Неготино и од него ќе направат енергетско земјоделски комбинат, е лaга. Тоа не се случи. Заев вети и изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, но и тоа не се случи. СДСМ вети примена на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. И од ова ветување нема ништо за овие три години, се вели во партиската реакција и се додава:

„Македонија требаше да се поврзе со националните гасоводи на Грција и Бугарија како дел од Трансадриатик цевководот, но и тоа остана во заборав од СДСМ. Ветувањата во областа енергетика останаа само на хартија. Наместо инвестиции во енергетика, тие ги користеа за полнење на нивни џебови. Крајот се ближи на СДСМ и Заев. Не може да се спасат со празни и лaжни соопштенија. Kaзната ќе ја добијат на 12-ти април“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This