Советот на Апелациониот суд ги отфрли жалбите во случајот на поранешните членови на т.н. ОВК Хашим Тачи, Кадри Весеjи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по повод одбивањето на нивните првични барања за привремено ослободување.
„Во петокот, на 30 април годинава, советот на Апелациониот суд донесе четири решенија со кои се одбиваат жалбите поднесени од Хашим Тачи, Кадри Весеjiи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи против четири релевантни одлуки на судијата на претходна постапка со кои се одбиваат нивните првични барања за привремено ослободување“, се наведува на веб-страницата на Специјализираниот совет во Хаг.
Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.
Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото и се товарат за злосторства на 40 места каде што луѓето биле неосновано лишени од слобода, мачени и убиени и се соочувале со доживотен затвор.