Ден после ветото Американците си го остваруваат ветувањето: Отворена иcтpaга пpoтив поранешниот бугарски министер за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската агенција за национални приходи започна истрага против поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, објави ТВ НОВА. Како што јави дописникот на МИА од Софија, поранешниот министер од владата на Бојко Борисов во моментов е под истрага како физичко лице.

„Можеби ќе треба да се проверат и неговите компании, доколку се утврди несовпаѓање помеѓу приходите и расходите“, објави Националната агенција за приходи на Бугарија.

Горанов во Бугарија се поврзува со најголемиот олигарх Делјан Пеевски, кој се најде под удар на американскиот закон насочен против корупцијата.

Ова се случува самом еден ден откако Бугарија повторно стави вето на отварањето на преговорите на Македонија за влез во Европската Унија, а кратко по американските санкции врз Бугарија кои вклучуваа и ставање на црната листа односно забрана на високи бугарски функционери во САД поради вмешаност во големи коруптивни скандали меѓу кои и земање мито за издавање на бугарски пасоши.

Неодамна САД воведе санкции за шестмина бугарски државјани поради вмешаност во корупција. Американската амбасадорка во Софија, Херо Мустафа, заедно со Пол Ахерн, кој е одговорен за борбата против финансирањето на тероризмот и финансискиот криминал, имаа серија средби со претставници на владата, политичките партии и поранешните државни службеници, вклучувајќи го и поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов.

Амбасадорката Херо Мустафа најави дека допрва претстојат повеќе средби со луѓе од бугарската Влада.

„Оние што се на власт мора да преземат решителна акција против корупцијата на сите нивоа во бугарското општество, за да покажат дека имаат сериозна желба да се справат со нekазнивоста и митото. Со овие акции, ние сакаме да бидеме транспарентни кон сите. Ова е исклучително важно за нас, и знаете дека под администрација на претседателот Џо Бајден, ние сакаме да бидеме многу отворени за медиумите, како и тука во Бугарија.“ вели амбасадорката Мустафа

Ахерн коментираше дека воведување санкции е најсеопфатната еднократна акција против корупцијата досега според „Законот за Магнитски“, додавајќи дека САД се подготвени да соработуваат со Бугарија околу финансиската транспарентност и разговарале со регулаторните власти за да предупредат на ризиците од бизнисите на овие корумпирани поединци и нивните компании

САД претходно на црната листа стави пет вискоки функционери црна листа поради вмешаност во значителна корупција. Дел од нив вмешани во земање мито за издавање на бугарски пасоши. Повеќето од партијата на Каракачанов. Се работи за поранешните бугарски јавни службеници Александар Манолев, Петар Харалампиев, Красимир Томов и Делијан Славчев Пеевски, како и на сегашниот бугарски јавен службеник Илко Димитров Жељасков, поради нивната вмешаност во значителна корупција.

Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на националистичката ВМРО-БНД, коментирајќи го последниот годишен извештај на Стејт департментот за човековите права, вчера за „Пик.тв“ искажа огромно незадоволство и навреди за забелешките дадени за земјата, посебно во поглед на тоа дека во Бугарија има етнички Македонци на кои не им е дозволено да регистрираат свои здруженија.

„Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите и си пишуваат нешто. Да ги прашам овие никаквеци во Стејт Департментот на САД какво е тоа македонско малцинство – тие гледаат некои извештаи од соросоидните организации и НВО-а што се издржуваат од грантови, коишто тие ги потхрануваат, за да плукаат по Бугарија. Шизофренијата американски чиновник да ја тера Бугарија да признава такви нешта не е прифатлива“, порача Каракачанов остро.

Нема политичар во светот, па макар тоа е и Џо Бајден, кој може да ја промени бугарската политика во спорот со Македонија, изјави денеска бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, во разговорот за бугарската национална телевизија.

Запрашан дали Бугарија може да го промени својот став под притисок на американскиот претседател Џо Бајден, Каракачанов одговори:

Џо Бајден има право на сопствено мислење толку колку што имам јас право на сопствено мислење. Во мојата држава Бугарија еден обичен бугарски граѓанин има повеќе право на мислење од кој било претседател на голема сила, па макар тоа биле и САД. Тоа е. Не гледам кој бугарски политичар и под чиј притисок ќе го промени решението на парламентот. Што би добила Бугарија од тоа? Ништо.

Тој уште тврдеше дека откако во ноември Бугарија го блокира почетокот на преговорите со ЕУ се засилил притисокот врз Бугарите во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This