Откриена причината за тpyeње на дечињата од кумановската градинка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека кај 31 дете и тројца вработени, од кумановската градинка „Ангел Шајче“ изолирана е бактеријата салмонела ентеритидис. Пријавени беа вкупно 61 лице. Бактеријата е откриена во оригиналното пакување во мајонез. Инспекторатот извршил и контролен надзор и констатирал дека храната се носи од главната кујна, а затворена останува кујната во „Пчелка“, во занималните каде беа сместени децата со симптоми на труење е извршено чистење и дезинфекција и во овие објекти нема згрижено деца.

Началничката на епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје д-р Јадранка Стаменковска, потврди дека е пријавена епидемија на акутно труење со храна со салмонела ентеритидс.

– Имаме 66 пријавени дечиња со симптоми од акутно труење со храна со покачена температура, дијареја, повраќање, малаксаност. Кај 31 е изолирана салмонела. Во тек, се испитувања на уште пет копрокултури кои пристигнаа денеска. Извршена е дезинфекција, направени се вонредно здравствено-хигиенски прегледи на вработени од кујните. Кај тројца вработени изолирана е салмонела, изјави Стаменковска.

На детското одделение во болницата, информираа денеска надлежните, хоспитализирани се три деца, кај нив сè уште не е потврдено присуството на салмонела. На болничко лекување сè уште три, кај кои веќе е дијагностицирана бактеријата, но нивните родители одбиле да бидат згрижени, па добиле решение за изолација.

На десетти мај надлежните институции ја затворија кујната во „Пчелка“, занималните во „Кокиче“, „Пчелка“ и „Синоличка“ и наредија механичко чистење, дезинфекција и ги почнаа истражувањата за утврдување на причините за труење со храна откако викендот повеќе родители алармираа дека децата се жалат на симптоми предизвикани од труење со храна.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This