ОХРИДСКОТО ПОДЗЕМЈЕ СО ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА СДС: Гласањето за живот во Охрид значи нови бизниси за познатите “брачки”!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како изминува кампањата во Охрид се повеќе се дефинира кој кандидат каква поддршка и опкружување има. Додека секојдневно бројни интелектуалци јавно се приклучуваат кон кандидатот за Градоначалник Д-р Митко Тилевски, неговиот противкандидат Јован Стојаноски добива се поширока поддршка од локалното “подземје”

Откако стана јасно дека Стојаноски силно е поддржан од “популарниот” Зоки Кичевски и неговиот пулен Бено, со поддршка за Јован излегуваат и: Спиро Топал, Александар Фармак и слични на нив. Сепак главни “ѕвезди” во поддршката за Стојаноски се популарните “брачки” браќата Цане и Јане Милошески од Лешани Охридско.

Не пропуштаат прилика секогаш и во секоја прилика дури и на социјалните мрежи да му ја искажат својата поддршка со нив својствени зборови. Заеднички именител за сите овие “матни” ликови е поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески кој на Јован му дава силна поддршка овозможувајќи му услуги од неговите блиски пријатели членови на охридското подземје. Но оваа поддршка не е така едноставна. Цане и Јане Милошески веќе ја испорачале својата сметка кон Јован. Побарале да им овозможи повторно да ги запоседнат јавните паркинзи во Охрид.

Се сеќаваат охриѓани во времето кога СДСМ го водеше Охрид, мускулести дечки наплаќаа за паркинг и чекаа некој странец да не најде никој на паркинг и да можат да му го заклучат возилото и потоа да му наплатат и до 100 евра ако сака да го пуштат. Така владеше СДСМ а таква е најавата дека ќе продолжи доколку Јован Стојаноски биде избран за градоначалник!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This