ОХРИЃАНИ И ДЕНЕС СО ПОДДРШКА: Сплотеноста на Македонецот мора да дојде до израз за да не се дозволи разнебитување на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓани на Охрид попладнево повторно излегоа на улица, во знак на поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

ohrid-zzm18

Со протестен марш низ улиците ја изразија својата поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарноста на Република Македонија.

– Многу е жално, болно и тешко да се руши нешто за што нашите предци ги давале животите, а тоа е нашата држава, дотолку поболно е што тоа го прават наши изроди. Сплотеноста на Македонецот денеска мора да дојде до израз за да не дозволи да дојде до уривање и разнебитување на нашата заедница, изјави Христо Миладинов.

Протестниот собир започна кај охридската гимназија, продолжи со марш низ централните улици на Охрид и заврши на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This