Од домот на Катица Јанева одземени се СИМ картичка и мобилен телефон. Од нејзината канцеларија е одземен двд рекордер, лаптоп, девет парчиња УСБ, еден документ со име Решение, еден документ од болница, фискална сметка и кожна ташна „Луј Витон“.
Од нејзиниот дом е одземена една аголна гарнитура, две фотелји и две „клуб“ маси. Од домот на покојната мајка на Јанева одземен е еден тефтер кој бил на Катица Јанева, како и еден лап-топ и едно УСБ.
Очила, маици и кошули од луксузни марки имало во плакарот на Боки 13. Очилата биле со потпис на Викторија Бекам, Стела Мекартни, Диор, Александар Меквин, Живанши, Фенди , Сен Лорен, Марк Џејкопс, Том Браун.
Од маици и кашули Барбери, Гучи, Диор, Валентино и Долче Габана. Кога станува збор за чанти осомничениот носел Гучи, Прада, Всрсаче и Луј Витон.
Оделата пак биле Пјер Карден, Бицијани и Дамат.
Во домот на сега осудениот Зоран Милески кој беше осуден во овој случај биле одземени низа документи, мобилни телефони и банкарски картички.
Во случајот „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 кој се терети за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание, а второобвинета е Катица Јанева. Таа е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања.