ОЈО СО РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Трагедијата во која бебе падна низ прозорец е несреќен случај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Настанот во кој вчера почина едногодишно бебе кое падна од прозорец на зграда е несреќен случај, информираат од Јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Скопје веднаш по добивањето на информацијата за настанот ги презеде сите потребни дејствија. Утврдено е дека не постојат елементи на сторено кривично дело, односно дека станува збор за несреќен случај“, се вели во одговорот од ОЈО.

Бебе паднало низ скршен прозорец во зградата кај што живееле на улицата Архиепископ Доситеј во Скопје.

Детето со својата баба се симнувало по скалите на зградата, но во еден момент се отргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало на висина од 2,5 метри. Тоа се здобило со скршеници на черепот и по операцијата во една од приватните болници им подлегнало на повредите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This