ПАДНА КОМАНДАНТ ХОЏА: Под притисок на јавноста Хоџа си дава оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири-Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, јавува репортерката на Телма, Нина Нинеска Фиданоска.

-Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста,  истакна премиерот Зоран Заев.

Во понеделник владата официјално потврди дека Џезаир Шакири, познат и како командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Платата и покрај средното образование на Хоџа му изнесуваше 36.000 денари.

Шакири е  поранешен припадник на ОНА кој потекнува од Танушевци, а изминатите неколку дена се реемитуваа повеќе негови интервјуа поврзани со критики за работата на ДУИ, но и со недолични коментари за загинатите полицајци во Диво Насеље.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This