Палмер до Косово: Приштина мора да го спроведе договорот за ЗСО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот за Заедницата на српски општини (ЗСО) е обврска која косовските институции ја презедоа и мора да ја спроведат, рече заменик помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан – Метју Палмер.

По повод најавата на Приштина дека ќе ја тужи Србија за геноцид, Палмер рече дека ваквиот пристап нема да придонесе за решавање на проблемите меѓу двете страни.

Тој за приштинска РТВ21 рече дека Приштина мора да најде механизам за спроведување на договорот за ЗСО, почитувајќи го уставот на државата.

Мирослав Лајчак и неговиот тим од ЕУ ќе кажат дека договорот ќе биде закон за обете страни и дека мора да се спроведе – изјави Палмер, пренесе приштински „Лајми“.

Тој додаде дека треба да се постигнат дополнителни договори, кои ќе го отворат патот кон спроведување на веќе постигнатото.

Ако сите разберат дека се борат за нормална врска што ќе го отвори патот кон ЕУ, и за Србија и за Косово, има простор за компромис и напредок – рече Палмер.

Приштинските медиуми не наведуваат кога Палмер, кој во моментов е во работна посета на БиХ, дал интервју за РТВ21.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This