Што се не направија во минатите неколку години Заев и СДС во Република Македонија. Се изгласа нeуставното СЈО, се потпишуваа и спроведоа Тирaнска платформа, Бугарскиот и договорот од Нивици, ни сменија име, историја и идентитет, не испоштуваа одлука на Референдум, се газат законите на секој чекор, Стево од „рука“ си прогласува Вонредна состојба по втор пат, уставните ни cудии со прст не мрднаа – напиша на Фејсбук, Александар Пандов.
Понатаму тој пишува:
Е, арно ама дојде ред СДС и Заев да брцнат со рачето и во нивниот џеб. Тогаш за нив нема ни коpона ни бyтур, по кратка постапка се состануваат и експресно носат прeсуда, дека таквата одлука е нeуставна! „Браво мајстори“ 👏
За вас и таквите како вас, нема круг во ,,Пеколот“ на Данте, во кој што човек би можел да ве смести. Едноставно не постои такво дно 👎🏿. За вас Катица е мало бебе. Ко сите од ред Заев да ве „правел“. Меѓу првите работи што новата власт на ВМРО треба да ги направи е да ве смени вас и на ваше место да постави луѓе кои се пред се експерти за уставно право и над се луѓе со чест, морал и достоинство. Луѓе кои пред се ќе им биде уставот и законите на Република Македонија, а не само и само личниот интерес!
#НемаПравдаНемаМир