ПАНИКА ВО ХАМБУРГ: Мистериозен лош мирис ги вознемирил жителите во неколку градски населби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Итните служби во германскиот пристанишен град Хамбург синоќа реагираа на поплаките на голем број жители поради „мистериозен лош мирис“, што се проширил во неколку градски населби.

Како што јави ДПА, пожарникарите со специјални возила се упатиле кон источните населби Уленхорст, Ајлбек и Вандсбек, откако добиле повеќе повици за „чуден мирис“.

По ова властите апелираа до жителите да ги затворат прозорците и вратите.

Противпожарните екипи до утринава, сепак, не можеа да го утврдат изворот на мирисот.

Смрдеата, која портпаролот на противпожарната служба ја опиша како слична на употребено масло, исчезна во текот на ноќта.

„Нема индикации за опасност по здравјето на луѓето“, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

Смрдеа се ширеше и над пристаништето пред околу една недела. Противпожарната служба и тогаш доби голем број повици во врска со мирисот на гас во деловите на градот северно од реката Елба.

Причината беше откриена неколку часа подоцна на пристаништето. Службите за итни случаи изворот го опишаа како „хемиски нус-производ што предизвикува смрдеа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This