Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе се проширува со нови кадри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ќе се проширува со нови кадри кои меѓу другото ќе ги решаваат проблемите и предизвиците во кои се наоѓа државата, рече пратеничката Ели Панова на вклучувањето во вестите на Македонската телевизија.

„Едноставно станува збор за старт на  општествена мобилизација. Зошто? За да има луѓе кои ќе се справат со кризата, а во криза се сите области од енергетика до здравство“, посочи Панова.

Според неа по победата на локалните избори се покажа дека луѓето од партијата добро се справуваат со предизвиците и проблемите.

„Ние мораме да најдеме повеќе луѓе да излеземе од кризата, а бидејќи новите генерации кои победија и за краток период покажаа дека можат да работат тоа значи и власта на државно ниво кога ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поработлива“, кажа Панова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This