Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев. Граѓаните не видоа ништо од таканаречените мерки. Илјадници се на минимална плата, а голем број и привремено останаа без работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека народот кубури, ИГМ Еленица на Заев доби помош од државата за исплата на плати, компанија која во 2018 година имала приходи од над 5 милиони евра. Заеви кои врти милиони не сакаат да дадат дел од милионскиот колач за работниците, кои ги создале тие милиони, а земаат минимални плати. На иста линија со Заев е и Кочо Анѓушев, чија фирма исто така доби државна помош за исплата на плата. Тоа е истиот оној Анѓушев кој доби 5 милиони евра од Грците за неговата ЕДС, велат од партијата.

Посочуваат дека Заев ги фали мерките, само затоа што со нив се полни неговиот и џебот на Анѓушев.

-Граѓаните и малите фирми не видоа ништо од државната помош. Парите завршија во СДСМ, а граѓаните останаа без поддршка. Економијата тоне и СДСМ не знае како да ја заживее. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, истакнуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This