ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ВО КРИВА ПАЛАНКА: Советник на ВМРО-ДПМНЕ ги разобличи вработувањата на партиските послушници под државна капа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Мицевски на својот Фејсбук профил ги разобличи партиските вработувања на членови на СДСМ во Општина Крива Паланка. Советникот Мицевски уште пред 5 месеци на седница на Советот го запрашал градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски дали е точно дека однапред се познати лицата кои што ќе бидат вработени во Против Пожарната Единица во општината, на што добил одговор дека станува збор за шпекулации.


Имено советникот ги добил информациите уште во мај годинава од страна на револтирани граѓаните, а токму тие лица сега се вработени во Против Пожарната Единица во општината. Се работи за партиските членови на СДСМ, Бобан Младеновски Оливер Станоевски, Драган Маџовски и Бобан Јовановски кои сега се вработени, а кои влегле на своите работни места според Мицевски на наместен конкурс.

-На седницата на Советот на Општина Крива Паланка на ден 22.05.2018 година по информации кои што ги добивме како членови на Советот од страна на револтирани граѓани уште тогаш, го прашав градоначалникот дали е точно дека однапред се познати лицата кои што ќе бидат вработени во Против Пожарната Единица. Ми одговори дека тоа било шпекулација. Се покажа дека со право граѓаните биле револтирани, а лицата кои требало да бидат избрани на оглас однапред познати. Погледнето го видеото, па потоа сликата како со гордост позираат за тоа што велеа дека е измислица и заклучете како се грубо кршат законите и се злоупотребуваат службените должности со фаворизирања, 5 месеци пред да излезе јавен конкурс. Политиките на СДСМ се преточуваат, а тоа ќе го препознаат граѓаните на следните избори, пишува Мицевски на својот Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This