ПАРТИСКИ ПPECМЕТКА ВО СДСМ ВЕЛЕС: Смена на директори во повеќе институции во општината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот бран на смени на директорите во градот кој започна со промена на директорот на салата Парк Спорт – Златко Гуцев, продолжува и овие денови.


На местото на досегашниот директор на ЈКП Дервен Ѓоре Стојанов, доаѓа младиот кадар на СДСМ Душко Ќумбев, на Велес Гас нов директор е Зоран Синадиновски, на Општина болница Велес е др. Бојаџиев, а на ООУ Благој Кирков, за нов директор е поставена Анкица Калешова. Освен за ООУ Благој Кирков каде на досегашниот директор Сениха Брзева и беше истечен мандатот, низ градот се зборува дека за секое од овие места промените се направени поради внатрепартиски несогласувања на неколкуте “кланови” во општинската организација на СДСМ.

Имено, подолго време се шпекулира за несогласувања на релација Димитар Стровјановски довчерашен директор на ЈЗО Општа болница Велес и  пратеникот на СДСМ од Велес Панче Иванов, односно смената на Стровјановски се спрема подолго време, но поради личните познаници во врвот на партијата од страна на досегашниот директор на велешката болница промената закочила.

За смената на Гулевски од Велес Гас се шпекулира дека поради немањето на идеја и конкретни чекори од страна на локалната и централната власт во однос на развој и започнување на гасификацијата , тој самиот побарал да биде сменет. На негово место е Зоран Синадиновски кој е дипломиран земјоделски инженер, но не бил задоволен со своето работно место во општината, па ова му е награда за партиските заслуги.

За спортската сала Парк Спорт пак,  за која градоначалникот имаше прес конференција на која образложуваше за незаконската работа на Гуцев, иако тој како градоначалник морал да знае што се случува тековно, а не година и половина после назначување на Гуцев. За работењето на довчерашниот директор ниту градоначалникот Коцевски, ниту било која релевантна институција не покрена било каква истрага и постапка за изнесените информации на прес конференцијата на граодначалникот Коцевски, на која беа изнесени информации за злоупотреба на службената состојба на Гуцев. Новиот директор Дамчевски е дипломиран правник кој има соработувано со мисијата на ОБСЕ и е ново лице за кое нема многу информации, освен дека е дојден по заслуга на неговата фамилија кој се долгогодишни активисти на СДСМ.

Најголема прашина се крева околу смената на директорот на ЈКП Дервен Стојанов, за кој од внатрепартиски извори дознаваме дека по препорака на централата и реакции од членовите, се повлекува за неговиот син да може да остане раководител на Централниот регистар во Велес.

Нанегово место иде млад и неискусен кадар на СДСМ Душко Ќумбев дипломиран економист менаџер, кој е досега непроверен на раководна и одговорна функција. Според нашите информации оваа одлука не наишла на поддршка од страна на старите членови на СДСМ кој реагирале бурно во седиштето на владеачката партија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This