Пендаровски: Граѓаните се прашуваат дали постои друго алтернативно решение наместо ЕУ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сѐ додека не напредуваме кон ЕУ, понационалистичките сили освојуваат терен, ова е проблем. Кога преговараш со ЕУ, политичката дискусија е во оваа рамка, постои пат, а во спротивно доаѓаат странски влијанија и тогаш сите почнуваат да се прашуваат „можеби постои друго алтернативно решение наместо ЕУ?“, вели претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Објаснува дека прво била грчката блокада, потоа француската страна барала нова методологија, а сега е бугарското вето и посочува дека некои обични луѓе велат дека „можеби Бугарија не се сама во оваа блокада“, како и дека можеби поголемите и посилните земји не сакаат воопшто Западен Балкан да се интегрира во ЕУ, па така, според претседателот, граѓаните можеби се прашуваат дали треба да се бараат алтернативни решенија.
-Сметам дека Европската Унија се движи во спротивна насока, посочува Пендаровски.
Паралелно ја објаснува ситуацијата со земјите од регионот, како што вели: целосно заборавена Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора се лакмусов тест за европската интеграција, со преговори што траат со години, наспроти Хрватска која за седум години стана членка.
-Европејците ретко заземаат единствен став за многу работи. Можам да ви кажам дека ако ги прашате луѓето дали ЕУ навистина го мисли она што го вели дека еден ден ќе ја реализира интеграцијата на сите, ќе кажат „не“ со големо мнозинство. Поради овој јаз, во изминатата година поддршката за европска интеграција во мојата земја е намалена за 20 отсто , од 85 проценти на речиси 65 -67 отсто, објаснува Пендаровски.
За евентуалните странски влијанија во регионот, вели дека постојат вон-регионални играчи, а „нивното влијание го почувствувавме особено по 2018 година и референдумот за името“, кога преку ноќ се појавиле тврдења дека не треба да станете членка во НАТО, не треба да станете членка на ЕУ.
-Добивме помош од НАТО Алијансата во ова прашање. Во септември 2018 година, експерти од Пентагон дојдоа во Скопје, заедно со поранешниот секретар за одбрана Џејмс Матис, за да помогнат во справувањето со ова злонамерно влијание. Генерално, вонрегионалните играчи ја водат сета оваа политичка пропаганда преку регионални претставници, објаснува Пендаровски.
Во однос на грчката поддршка на патот кон ЕУ, вели дека Грција 25 години беше главната причина за нашата блокада, а сега е нашиот најгласен поддржувач.

Нимиц не беше многу оптимист дека додека е жив ќе се постигне договор

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This