Пензионерите останаа без своите пензии.
Иако Владата на СДСМ помпезно го најавуваше покачување на пензиите од 80 денари месечно, сепак денес пензионерите не можеа да си ги подигнат своите пензии. Исплатата се вршела до 8:30 часот, потоа парите биле повлечени назад. Од банките не знаеја да кажат зошто е тоа случено.
Оние граѓани што успеаја да ја подигнат својата пензија, наместо да го почувствуваат благодетот од фамозното покачување од 80 денари, на своите сметки добија пониски пензии за 300 денари.
Банките се буквално блокирани од страна на пензионерите.
Журнал.нет проба да стапи во контакт со кабинетот на Министерката Мила Царовска и со кабинетот на Министерот Драган Тевдовски во врска со ова болно прашање, но безуспешно.