Песков пpeдупредува: На оcтри пораки одговараме оcтро, ЕУ нека не прави глупости

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се надеваме дека никој нема да стори ништо глупаво поврзувајќи ја перспективата на односите Русија и ЕУ (со судбината) на лице кое е во притвор“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков ја даде изјавата само неколку дена пред посетата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, додека ЕУ ја осуди репресијата врз Навални и неговите приврзаници.

„Доколку (европскиот дипломат) носи остри пораки, нашиот министер (за надворешни работи Сергеј Лавров) ќе му одговори подеднакво остро“, рече Песков.

Борел побара да го види Навални кој беше уапсен на 17 јануари откако пристигна од Германија каде се опоравуваше од труењето.

Песков рече дека прашањето е „за истражители, за судии“ и праша врз основа на што Борел може да го посети Навални, бидејќи тој „не е ниту член на семејството ниту роднина“.

Повеќе европски земји ја изразија можноста за воведување нови санкции кон Москва, особено по репресијата на демонстрантите кои претходните два викенда се собраа низ Русија за да го поддржат Навални.

Навални денес е изведен пред суд поради кршење на условната казна кога летово беше итно пренесен на лекување во Германија, а му се заканува казна затвор од две и пол години.

ЕУ веќе воведе санкции против руски официјални лица поради труењето на Навални. Неколку европски лаборатории утврдија дека Навални бил отруен со нервен агенс новичок, но Русија смета дека нема докази за труење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This