Петок е женски ден, еве што да направите за да бидете одморени цела недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петок се смета за ден на жената, посветен на женското здравје и женската енергија. Секоја жена работи напорно, освен работните обрвски, дома ја чека двојно повеќе работа. Како што Господ рекол дека недела е ден за одмор, според спиритуалноста и женската енергија, се препорачува жената да одмoра и во петок.

На овој ден, покрај тоа што одите на работа, не се заморувајте со вообичаената рутина за сè да постигнете. На овој ден треба да одморите, а за да ја постигнете женската енергија, треба да направите и нешто за себе.

Без разлика за што се работи, не треба ни да купувате нешто скапо, едноставно запалете си една свеќа и измедитирајте или пак ставете си маска за лице. Подгответе си бања и читајте ја омилената книга, но може и да излезете и да се почастите со добро кафе.

На овој начин се одморате себеси, а тоа што ќе го постигнете од вас, суптилно влијае на вашиот однос со партнерот и децата. Одржувањето на женската енергија е важно, особено во поодминатите години, а вие и вашето семејство нема никогаш да бидете посреќни.

Во четириесеттите години почнуваме да забележуваме промени што порано не биле присутни. Во дваесеттите години живееме по навики како што ќе ни се присака, во триесеттите години сè уште простуваме на истите, додека пак во четириесеттите години веќе не можеме да си дозволиме такви грешки.

Четириесеттите се новите триесетти години, бидејќи возраста не значи ништо се додека се чувствуваме млади по дух, но понекогаш се прашуваме дали нашето тело се согласува со тоа: 40-тите години носат неколку придобивки и добри моменти, но лошите животни навики со текот на годините оставаат лузни на телото кои не можат да се избришат како во 20-тите или раните 30-ти.

Секоја жена треба да е свесна за своето тело, а ова се едни од навиките кои таа мора да ги почитува повеќе од кога било. Метаболизмот почнува да забавува, ризикот од разни болести се зголемува, а нашето тело одеднаш веќе не простува грешки и лош третман врз сопственото тело.

Постојат голем број причини зошто кардио тренинзите се важни. Кардио вежбите ја зголемуваат издржливоста и ја намалуваат веројатноста за срцеви заболувања, но подеднакво е важно да вклучите вежби за јачина во вашиот тренинг. Во 30-тите години почнуваме да го губиме мускулното ткиво, а во 40-тите, тој недостаток станува сè поизразен.

Мускулите играат важна улога во нашиот базален метаболизам. Кога губиме мускулна маса, нашиот метаболизам природно се забавува, што го отежнува сла-беењето и одржувањето на идеална телесна тежина. Тренингот за сила и издржливост е доволен за да се вклопи во вашата вообичаена програма за вежбање два дена во неделата за да избегнете дебелеење.

Претерувате со кон-сумацијата на шеќер

Размислете двапати пред да изедете кутија сладолед или омиленото чоколадо. Прекумерното внесување шеќер може да спречи негово разложување во организмот, што може да доведе до покачени нивоа на инсулин и на крајот да предизвика дијабетес. Бидејќи дијабетес тип 2 е најчест кај луѓе постари од 40 години, би било паметно да го намалите внесот на шеќер на 25 грама на ден.

Ја одложувате мамографијата

Во 30-тите години, ризикот од рак на дојка е зголемен, но откако ќе зачекорите во 40-тите години, веројатноста дека некое лице ќе ја добие оваа болест драстично се зголемува, и статистички, секоја 69-та жена од 40-тите заболува од рак на дојка. Експертите препорачуваат мамографијата да се започне на 40-годишна возраст и прегледот да се повторува секоја година или две.

Често сте лошо расположени

Депресијата е почеста кај жените отколку кај мажите, но кога ќе стигнете до 40-те години, влегувате во ранливата група која најчесто стра-да од депресија. Ако симптомите како што се тага, раздразливост, вина или летаргија траат подолго од две недели, тоа е најверојатно посериозен проблем отколку само лошо расположение и треба да побарате помош од стручни лица.

Останувате будни до доцна навечер

Недостатокот на сон во помладите денови е многу полесен да се поднесе отколку кога влегуваме во зрелоста. Во вашите 40-ти станува многу потешко да заспиете. Сè повеќе луѓе имаат проблеми со спиењето, а спиењето станува сè пократко.

Во текот на ноќта, телото лачи мелатонин, кој ни помага да заспиеме, но со стареењето, мелатонинот се намалува, што предизвикува проблеми со спиењето во 40-тите години, но фактот дека хормоните почнуваат да дивеат на таа возраст и промената на биоритамот не помага.

За да избегнете несоница и да го подобрите квалитетот на спиењето, избегнувајте гледање телевизија пред спиење, исклучете ги сите електронски уреди во просторијата и осигурете минимално седум до осум часа спиење.

Избегнувате да одите на гинеколог

Во 40-тите години, пап-тестот е доволен да се прави на секои пет години, но тоа не значи дека треба да избегнувате да одите на гинеколог. Сè уште е потребно да се води грижа за здравјето на интимните делови, а годишната посета на гинеколог е одличен начин да разговарате со специјалист за хормоналните промени и здравствените проблеми со кои може да се соочите во иднина.

Избегнувате крем за сончање

Изгоpениците и штетното УВ зрачење поттикнува губење на еластичноста на кожата. На овој начин нема да изгледате младолико уште многу порано од 40 години. Експертите препорачуваат секојдневна употреба на дневен крем со заштитен фактор, особено за жени над четириесет години.

Тука спаѓаат и грешките кои често многу жени ги одминуваат. Неопходно е да посетувате и офталмолог. Видот, како и секој друг процес во телото започнува да слабее. Важно е жената да го коригира својот вид навреме, за да не дојде до несакани последици.

Важно е да пиете соодветни витамини, кои во оваа возраст можат да бидат во голем недостаток. На прво место со витаминот Д, кој се смета за женски витамин. За да помине овој витамин преку крвта и да се апсорбира, потребно е да пиете многу витамин Ц.

Витаминот Ц го поттикнува колагенот, женскиот протеин на убавината и младиот изглед. Но, за да го постигнете и ова, покрај витаминот Д и Ц треба да пиете и многу вода, за со сигурност да знаете дека витамините не поминале само преку вашиот дигестивен тракт. Сите процеси во организмот се поврзани, но секако вие треба да се насочите кон она што имате најголем недостаток, и да одржувате баланс, кој е лекот за сè.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This