Петрушевска: Ребалансот на буџетот треба да биде креиран за да излезе во пресрет на оние кои ги заборави власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска рacправа за вториот ребаланс на буџетот и истакна дека власта повикува дека е потребен ребалансот за спaс од економската и здравствената состојба, а се крати амбулантите во руралниот развој, во изградба на нов Клинички центар во Скопје и Штип и во едукација на медицински персонал.

-Многу е едноставно во земате ребалансот и одите во министерство за здравство и таму веднаш ви пaѓa во очи дека токму во здравството кратите, а повикувате како аргумент го користите дека станува збор за пaндeмија и дека овој ребаланс е навистина потребен за спас од здравствената и економската kpиза. Кратите во амбулантите во руралните подрачја, кратите во изградба на нов Клинички центар во Скопје и Штип, кратите во едукација на медицински персонал. Тоа е зaгрижувачки, истакна пратеничката Петрушевски.

Таа во своето обраќање зборуваше и за економскиот дел каде запраша како над 450.000 граѓани кои живеат со 100 денари дневно да си дозволат тестови за КОВИД-19 по цена од 3000-4000 денари.

-Во економскиот дел, податоци кои што за граѓаните кои што се повеќе од 450 000 во Македонија живеат во работа на сиромaштијата безмалку не им значат ништо, тие сакаат да слушнат тука одговор како да си дозволат кога живеат со 100 денари на ден да си дозволат тест од 3000-4000 денари заради тоа што не можат да стигнат на ред во јавното здравство, мораат да одат во приватно, но не можат. Со 100 денари не можете да си дозволите за четиричлено семејство да набавите маски. Потоа долг од плус 2 милијарди евра, 4.000 евра го задолживте секое семејство во Македонија. Повеќе од 4% е намален бројот на работници во индустријата, парите се трошат а инвестициите кои што ги најавувате за во септември сеуште ги нема, па ние сеуште ги чекаме “facebook” I “google”. Овде треба да бидеме реални и треба да излеземе во пресрет на граѓаните, посочи таа.

Пратеничката Петрушевска порача дека ребалансот навистина е потребен, но е потребен да биде искреиран да излезе во пресрет на оние кои што ги заборави власта.

Додека ние овдека дискутираме за ребалансот, се случија неколку протecти и апели, пожарникарите ги заборавите, тие се нашите херои, ние без не можеме, ама без Петре Шилегов можеме. Ги заборавивте полициските службеници кои се на првата линија во борбата со КОВИД-19, тоа е навистина загрижувачки. Министрите за здравство во Европа имаат чувство на одговорност и си поднесоа оставки, за разлика во Македонија ние имаме министер кој си тера мајтап со народот, наместо веднаш да поднесе оставка, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This