Петрушевски: Bлaдaтa нeмa кpeдибилитeт дa збopyвa зa зaштитa нa живoтнaтa cpeдинa, кoгa oд Бyџeтoт зa 2021 гoдинa oдвoи caмo 0.49%..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прво да се извинам што ќе мора денеска да глумиме нормалност во една држава која што е се, само не нормална, после секојдневното бомбардирање со разно разни катастрофални скандали, афери кои што сме должни и ние како граѓани да ги доживуваме. Конкретниов закон е задолжување, и колку да сакаат колегите од власта да прибегнат кон зелена агенда, енергетска ефикасност, претставник на законот е министерството за финансии конкретно заменик министерот и зборуваме за задолжување првенствено. Јас жалам што нема претставник од министерството за економија, каде што ќе можеме да дебатирам за енергетскиот сегмент, жалам што нема претставник од министерство за животна средина па да дебатираме и за зелена агенда, појасни Бране Петрушевски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Петрушевски додаде дека со изгласаниот Буџет за 2021 година власта за буџетот за животна средина издвоила само
0.49%.

„Е, толку е кредибилитетот и на ова владејачко мнозинство и на оваа Влада да зборува за заштита на животната средина, 0.49%. Никој овдека не ги спори ефектите од имплементација на проект за енергетска ефикасност. Никој. Сите се доволно образовани, за да ги знаат придобивките така да нема потреба да се читаат овде проценти на заштеда на енергија, проценти на тоа колку ќе се подобрело живеењето итн. Тука е проблемот како што реков кредибилитетот на оваа влада да не кажам лажењето и манипулацијата на народот за тоа што 25 милиони евра ќе направиме не знам каков исчекор во енергетската ефикасност, тврдам дека нема да направиме, ама 33 милиони евра за ГАМА која што нели ја откупивме од МАКПЕТРОЛ како држава зборам, за ова нормално некогаш ќе има и соодветна ревизија и одговорност, тоа не се многу пари кога треба да подмитуваат медиуми. А, кога треба да се справуваат со суштински проблеми ова 25 милиони евра се којзнае колку пари, демек не знам ќе процвета државата, после четири години колку што е рокот на имплементацијата“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека многу експерти алармираат до власта да размисли до каде оди со задолжувањата и во каква зона влегува државата, по издавањето на последната еврообврзница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This