April 28, 2024, 10:29 am

ПИГМЕНТОТ НА КОСАТА ОТКРИВА МНОГУ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ: Бојата на косата може да ви открие на кои болести сте склони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гените што го создаваат пигментот во косата регулираат и одредени процеси во организмот што влијаат на факторите за ризик за развивање одредени болести. Бојата на косата може да укажува на слаби точки кога станува збор за здравјето. Па, доколку сакате да знаете на што треба да обрнете внимание и на што треба повеќе да внимавате, пронајдете ја вашата (природна) боја на коса во продолжение…
Русокоси

 

Русокосите треба да внимаваат на здравјето на очите и кожата, бидејќи постои поголем ризик за настанување сенилна макуларна дегенерација на окото, што на крајот може да доведе и до слепило. За да се избегне оваа состојба, треба да се консумира овошје богато со лутеин, како што е кељот, грашокот, спанаќот… Овие личности се подложни и на развивање карцином на кожа.
Бринети

Бринетите најлесно можат да ја изгубат косата бидејќи имаат најмалку влакна. Со цел да го избегнат овој проблем, треба да земаат по 18 милиграми железо на ден (или да јадат една чинија овесна каша). Доколку пушат, тие треба што побрзо да ги остават цигарите бидејќи меланинот, што им ја овозможува бојата на косата, ја забавува работата на црниот дроб, па затоа и потешко го разградуваат никотинот. Тие се почувствителни на неговото дејство, па побрзо создаваат зависност. Што се однесува до потешките заболувања, тие најчесто се разболуваат од лимфом, а најретко од меланом.
Црвенокоси

Црвенокосите имаат 50% поголем ризик да заболат од Паркинсова болест, а истражувањата покажале дека ако земаат 400 милиграми фолна киселина дневно, значително можат да го намалат овој процент. Црвенокосите почесто се загрижени, бидејќи истите гени што влијаат на нивната боја на коса, влијаат и на начинот на кој организмот им управува со стресот. Во нивната ситуација, генетскиот фактор што им ја овозможува бојата на косата, лошо се справува со стресот. Ако прерано им белее косата, тоа може да укажува на различни здравствени проблеми, но пред сè на недостаток на витаминот Б12 или нарушување на тироидната жлезда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This