Пијанофест 2020 по втор пат и онлајн во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За прв пат на Балканот, но и пошироко се одржува меѓународен натпревар по пијано со учество на учесници од 19 држави, од три континенти, во Битола.

Во Битола по втор пат, се одржува меѓународниот натпревар „Пијанофест 2020“, на кој учествуваат 148 натпреварувачи од 19 држави од целиот свет: Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Малта, Литванија, Црна Гора, Молдавија, Белорусија, Хрватска, Израел, САД, Романија, Словенија, Јужна Кореа и Косово. 

Натпреварот го организира здружението „Пијано” од Битола, чии основатели се пијанисктите од Битола Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски. 

Оваа година, поради ситуацијата со ковид- 19, натпреварот се одржува  онлајн.

Натпреварувачите ќе бидат оценети од врвно жири во состав: Даница Стојанова – Македонија, Милица Шкариќ – Македонија, Петар Младеновиќ – Србија и Маргарита Вујовиќ – Русија, Србија. 

Во тек се оценувањата на пријавените натпреварувачи од страна на стручното жири, по што, после 20 декември, ќе бидат објавени резултатите и лауреатите. За најдобрите, ќе бидат доделени и парични награди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This