ПЛАНОТ НА АМЕРИКА ЗА 2018: Кој се на Балканот соработува со Русија, колку опрема има купено и дали разменува информации?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американското министерство за одбрана заедно со Стејт Департментот, а по налог на Конгресот на САД за време на наредната година ќе изврши проценка на соработката на сите држави од Западен Балкан со САД, но и со Руската федерација во областа на одбраната и извештај за тоа ќе достави до комисиите на американското законодавно тело

Како што се наведува во федералниот закон, кој минатата недела стапи на сила, се прецизира буџетот и плановите за одбрана на САД за 2018. година, а извештајот ќе содржи и детални информации за воената соработка на БиХ, Србија, Косово засебно, како и Македонија со Русија.

„Извештајот мора да содржи проценка на безбедносната соработка на сите држави од Западен Балкан со Русија, и тоа листа на вооружување, одбрамбен системи и воена технологија вредна милион или повеќе долари, која ја добила или купила било која држава на Западен Балкан до 2012. година. Опис на учеството на воените сили во тренинзите со Русија во истиот период, како и опис на договорот за соработка во кој влегуваат земјите од регионот со Русија“, се наведува во Законот, пренесува агенцијата ФЕНА.

Освен тоа, Владата на САД ќе мора да го запознае Конгресот и со проценката за „разузнавачка соработка на државите од Западен Балкан со Русија“, како и за послдиците од таквата соработка на интересите на САД и НАТО државите во регионот и држави кои се граничат со Западен Балкан.

исто така, ќе се бараат исти проценки и информации за соработката на државите со САД и опис на учеството и активностите на четири држави во програмите на НАТО, посебно Партнерството за мир, а како што се наведува, во документот опширно се говори и за програмите за реакција на „заканата од Руската Федерација“ на интересите на САД ширум светот.

Документот, кој американското министерство за одбрана и Стејт Департментот ќе го достават до комитетите на Когнресот, ќе биде јавен, но ќе содржи делови кои нема да бидат достапни на јавноста.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This