ПЛАТФОРМАТА ВО ЦЕЛОСТ Е ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА: Џеват Адеми го открива начинот за тоа како СДС и ДУИ без двотретинско ќе ја спроведуваат платформата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џеват Адеми, уште еден од командантите на УЧК и пратеник од редовите на ДУИ во коалиција со СДС, денес од говорницата на Македонското собрание кое почнува да наликува на трет балистички бастион, изјави дека платформата потпишана во Тирана како декларација на албанските политички партии во целост е вклучена во програмата за влада на Зоран Заев

xhevat-ademi-780x439

„Во заедничката изјава на албанските политички партии, во ваква констелација на силите, водејќи сметка за бројката на гласови имплементирана е декларацијата за да може да се оствари буквално секоја точка и е вклучена во владината прорама. Почнувајќи од процесот на ревизија за имплементацијата до последната буква од Охридскиот договор. Еден од највисоките приоритети на новата Влада ќе биде да предложи нов закон за службена употреба на албанскиот јазик и тоа е дел од новата владина програма“, изјавил Џеват Адеми.

Ваквата изјава на Адеми обелоденува дека ДУИ и СДС веќе имаат договор и начин за спроведување на тиранската платформа, преку закони и процдури кои нема да бараат двотретинско мнзоинство, односно ќе можат да се носат со просто мнозинство. Онакво какво што има коалицијата СДС-ДУИ.

Со ова паѓаат во вода гаранциите кои Заев му ги даде на претседателот Иванов за да го добие мандатот за состав на нова влада.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This