ПОВЕЌЕ НЕ САКА ДА ИЗЛЕГУВА СО СЛАВНА ЛИЧНОСТ: Бен Афлек се обидува да најде сродна душа преку мобилна апликација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот актер Бен Афлек (47) , среќата во љубовта ја бара на мобилната апликација Реј, за чие користење месечно се плаќа по 8 долари.

Со помош на апликацијата Афлек се обидува да договори средба со потенцијално совршената партнерка.

 

 

„Се чини дека тој сака да најде вистинска партнерка. Не сака да излегува со славна личност. Тој е прилично затворен и во моментов е во добра фаза“, изјави извор за Page Six.

Пред неколку недели Афлек беше виден како се дружи со млада бринета во хотелот „Бел-Ер“. “Се чинеше невино, како на прв љубовен состанок. Беше добро расположен, и двајцата се чинеа заинтересирани. Немаше бакнување или слично. само вечераа”, изјавил “шпион” за Page Six.

Друг извор вели дека Афлек го напуштил Реј и дека тој често одржува деловни состаноци во хотелот.

Актерот беше виден на вечера со вдовицата на Стив Џобс, Лорен Пауел Џобс, на почетокот на овој месец. Афлек и Пауел Џобс, наводно, вечерале во ресторанот Џорџо Балди во Санта Моника, САД три часа, но извори за Page Six изјавиле дека таму нема ништо. „Тие се пријатели долги години“, изјавил еден извор.

 

Афлек беше во љубовна врска со моделот на Плејбој, Шаун Секстон во текот на 2018 година, но тој не бил воодушевен од врската. „Мислам дека е срамота … Тој најде девојка за да може да излегува да пие и да има секс“, изјави еден извор кој го познава Афлек за Page Six.

Актерот, откако раскина со Секстон, отиде на рехабилитација и повторно и се јави на продуцентката Линдзи Шукус. Афлек и Шукус беа во врска од средината на 2017 година до средината на 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This